Русија ја окупираше нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, но за време на борбите меѓу руските и украинските сили кои траеја во текот на ноќта, административната зграда околу електраната се запали.
Украинските власти за тоа ја обвинија руската армија, велејќи дека ја гранатирале електраната, а украинскиот претседател Зеленски тоа го нарече нуклеарен терор.
Тешка ноќ во Украина: 4 часа гореше во најголемата нуклеарна централа (ВИДЕО)
Меѓутоа, Русите сега тврдат дека зградата во нуклеарната централа всушност била запалена од Украинците.
Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за пожарот околу електраната и го нарече „монструозна провокација“.
Руското Министерство за одбрана соопшти и дека електраната сега е под нивна контрола и работи нормално.
По гранатирањето, Русите ја зазедоа најголемата нуклеарна централа во Европа