Русите со дрон нападнаа инфраструктурен објект во Одеса

Сподели со своите пријатели

Руската армија нападна инфраструктурен објект во Одеса со дрон, каде што по ударот избувна пожар, изјави денес Серхиј Лисак, началник на градската воена администрација.

„Денес, непријателот повторно го нападна нашиот град. Евидентирана е штета на инфраструктурен објект во Одеса. Пожар избувна поради ударот на беспилотно летало. Се работи на отстранување на последиците“, рече Лисак во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Според достапните информации, во нападот нема загинати или повредени, а околното подрачје се испитува за да се утврди евентуална штета на цивилната инфраструктура и станбените згради.

Синоќа, во градот Чорноморск, во Одесската област, руската армија го нападна погонот „Иличив“ за производство на нафта и масти, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Америка сака контрола врз нуклеарката во Запорожје за рударење криптовалути?