Русите сè повеќе го користат Су-57 во Украина

Сподели со своите пријатели

Вооружените сили на Украина денес објавија дека руската армија сè повеќе го користи најсовремениот повеќенаменски борбен авион Су-57 во нападите врз воени цели по должината на фронтовската линија и во длабочините на украинската територија.

Loading...

Тоа е најновиот и најмоќен ловец од петтата генерација развиен од Русија, способен да носи софистицирано и тешко смртоносно оружје, пишува денес полскиот портал Интериа.

Според украинската страна, авионите Су-57 досега ретко се користеле поради стравот на руските власти дека авионите би можеле да бидат соборени, заробени или дека инженерите на НАТО би можеле да ги анализираат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца убиени и 12 ранети во руски напад врз одморалиште на југот на Украина

Су-57 сега наводно се користи за лансирање нови видови оружје, вклучително и ракети Х-69, кои претставуваат сериозна закана за украинската воздушна одбрана, објаснува полскиот портал.

Украинските власти исто така тврдат дека имаат информации за можна интеграција на хиперсонични ракети Х-47М2 „Кинжал“ на Су-57, а станува збор за ракети кои достигнуваат брзина од 10 маха и имаат дострел до 2.000 километри.

Су-57 е развиен за да постигне доминација во воздушниот простор и да изведува прецизни напади.

Опремен е со напредна технологија на прикривање, радар со активен електронски скениран систем (AESA), како и можност за суперсонична брзина на крстарење без употреба на дополнително согорување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, пристигна во Москва