Пензионираниот американски генерал полковник Бен Хоџис вели дека инвазијата би можела да заврши следната година доколку Западот продолжи со својата воена поддршка за Киев.
– Русите се исцрпени, не можат многу да направат во моментов – рече тој.
Хоџис тврди дека украинските сили имаат морална предност пред Русите.
– Русите немаат значителна предност во огненото оружје. Вооружувањето на украинските сили со оружје што им овозможува да ја напаѓаат руската артилерија, складишта за муниција и командни пунктови, го нарушува единственото нешто што го имаат Русите што функционира во нивна корист. Ако Западот продолжи да ја поддржува Украина во текот на оваа година, тогаш мислам дека војната ќе заврши до 2023 година – рече тој.