Русија им нареди на украинските сили кои се кријат во хемиската фабрика во градот Северодонецк да го положат оружјето до среда наутро.
Со тоа тие се обудаваат да ја зајакнат нивната предност во борбата за контрола на источна Украина, а војната за источниот регион Донбас ќе биде една од клучните теми на денешниот министерски состанок на НАТО во Брисел, пренесува Ројтерс.
Русија го насочи најголемиот дел од својата огнена моќ кон источниот регион Донбас, што ќе биде една од клучните теми на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Украинските власти соопштија дека повеќе од 500 цивили биле заробени заедно со војници во хемиската фабрика Азот, каде што украинската војска се спротивставила на неколку недели на руските бомбардирања и напади кои го претворија поголемиот дел од Северодонецк во урнатини.
Барањето на руската страна беше Украинците „да престанат со бесмислениот отпор и да го положат оружјето“ во 8 часот по московско време, изјави за агенцијата Интерфакс шефот на рускиот центар за управување со националната одбрана, Михаил Мизинцев.
Тој рече дека ќе се обезбеди цивилен коридор за цивилите.
Бомбардирањето на фабриката Азот потсетува на претходната опсада на фабриката за челик Азовстал во јужното пристаниште Мариупол, каде стотици борци и цивили се засолниле од руското гранатирање, наведува Ројтерс.