Русите објавија рендген снимка од наводниот камион-бомба од мостот на Крим

Сподели со своите пријатели

Федералната служба за безбедност (ФСБ) во средата објави дека привела пет Руси и тројца државјани на Украина и Ерменија во врска со експлозијата што го оштети мостот на Крим минатата сабота, пренесе Интерфакс.

ФСБ соопшти дека експлозијата била организирана од Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана и нејзиниот шеф Кирило Буданов.

Украина официјално не ја потврди вмешаноста во експлозијата, но некои украински официјални лица ја прославија причинетата штета.

Во експлозијата на мостот долг 19 километри, уништен е дел од патот, а патниот сообраќај е привремено запрен.

Мостот, престижен проект кој Владимир Путин лично го отвори во 2018 година, стана логистички важен за неговата воена кампања, а преку него се одвиваше снабдувањето на руските сили кои се борат на југот на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски откри што побарал од Трамп во врска со безбедносните гаранции

Руските безбедносни сили објавија, како што тврдат, рендген снимка од товарот што ја предизвикал експлозијата.

Автентичноста на сликата и нејзиниот извор не се независно потврдени.