Руските сили неочекувано напредувале четири километри долж железничката линија и влегле во предградието Купјанск.
Ова ги изненади не само Украинците, туку и руските воени аналитичари.
Засега не е познато дали руските единици успеале да ги консолидираат позициите и да воспостават линии за снабдување.
„Русите го нападнаа Купјанск“, пренесува украинскиот телеграмски канал „Deep State“, кој исто така ги ажурираше своите интерактивни мапи.
Од терен пристигнуваат информации дека вчера попладне две колони руска воена опрема од регионот Лиман Прво се упатиле кон Купјанск за да го пресечат автопатот кон Сватово.
Првата група ја сочинуваа два оклопни транспортери, борбено возило на пешадија и тенк. Точниот состав на втората работна група не е познат бидејќи тие напредувале во текот на ноќта.