Русите нападнаа зграда во Полтава со дронови, две лица загинаа, 11 се повредени

Сподели со своите пријатели

Во рускиот напад врз Полтава, во централниот дел на Украина, две лица загинаа, додека 11 се повредени, меѓу кои и цивили, објави гувернерот на регионот, Володимир Кохут.

Loading...

Нападот е извршен со помош на беспилотни летала, објави Укринформ.

Според информациите дадени од украинското Министерство, нападот се случил утрово околу девет часот, кога едно од беспилотните летала предизвикало пожар во зградата на центарот.

Вториот напад предизвикал пожар во приватна станбена зграда во близина.

Службите за итни случаи веднаш реагирале, но жртвите и материјалната штета се уште се под истрага.

Кохут изјави дека за време на нападот е оштетена и цивилната инфраструктура, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците го убија вториот човек на руската морнарица