Руски напад врз болница во североисточниот украински регион Суми принуди евакуација на 147 пациенти, вклучително и девет лица со ограничена подвижност, објавија украинските власти.
Оштетен е и детскиот медицински центар
Снимките објавени од Државната служба за итни случаи на Украина во Суми покажуваат оштетена медицинска установа и моментот кога пациентите се евакуирани од погодената зграда.
Спасувачките екипи брзо реагираа и го изгаснаа пожарот што избувна по нападот.
Во експлозијата е оштетен и блискиот детски медицински центар, но нема повредени.
Во меѓувреме, Русија неодамна објави дека нејзините сили ја презеле контролата врз четири населени места во регионот Курск, додека Москва продолжува да се обидува да ги потисне украинските трупи кои држат значителен дел од територијата во регионот по упадот во август минатата година.
Украинските власти претходно објавија дека борбите во областа Курск се уште траат, особено во Суџа и околните области.