Рано утринава руските сили лансирале ракети врз инфраструктурата во областа Вишигород, северно од главниот град на Украина, Киев, соопштија украинските власти.
Loading...
Регионалниот гувернер на Киевската област Олексиј Кулеба ја објави информацијата за нападот во 6 часот наутро на својот канал Телеграм.
– Утрово непријателот изврши ракетен напад врз една од заедниците во областа Вишигород. Очекуваме информации за жртвите. Сите служби за итна помош се веќе на терен – напиша Кулеба.
Во Киев се огласија сирените за воздушен напад, а властите ги повикуваат жителите да не ги напуштаат засолништата.