Русите го нападнаа Сумискиот регион, едно лице загина

Сподели со своите пријатели

Синоќа руските војници нападнаа четири населби во Сумискиот регион во Украина со беспилотни летала, едно лице е убиено, друго е повредено, а е предизвикана и материјална штета, објави началникот на регионалната воена администрација, Олех Хрихоров.

Loading...

– Ноќеска руските војници повторно нападнаа цивилни објекти во неколку населби во Сумискиот регион со ударни беспилотни летала – објави Хрихоров на Фејсбук.

Според него, еден цивил е убиен во општина Билополска, друго повредено лице е во тешка состојба во болница, а станбени згради се уништени на неколку локации, пренесува Укринформ.

Како што претходно објави украинската агенција, руската армија изврши речиси 70 напади врз Сумискиот регион од утрото на 27 мај до утрото на 28 мај, во кои беа повредени девет лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Рускиот меморандум за прекин на огнот е лага