Советот на Европа, поради суспензијата на членството на Русија во организацијата, мора да врати отштетата од 32,5 милиони евра, сума што ја плати Русија на почетокот на годината, изјави Владимир Џабаров, прв заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата, пренесува РИА Новости.
– Годишниот придонес на Русија во буџетот на Советот на Европа е 32,5 милиони евра. Почитуван Совет на Европа, ако добро се сеќавам, придонесите беа платени на почетокот на годината. Затоа, бидете љубезни, покажете пристојност и вратете го рускиот придонес за тековната година. Сè е фер! – напиша сенаторот на својот канал Телеграм.
Ваквата реакција на Москва дојде по одлуката за исклучување на Русија од Советот на Европа.
Комитетот на министри на Советот на Европа одлучи да ја исклучи Русија од членството во таа организација, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Луиџи ди Мајо.