Русин се самозапали затоа што не сака во војна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Маж во Рјазан, град со половина милион жители во западна Русија, се самозапали во знак на протест против мобилизацијата на резервисти за војната во Украина, пренесува Sky News.

Loading...

На градскиот канал Телеграм е објавена снимка како носат маж завиткан во син чаршаф.

Изданието наведува дека мажот викал дека не сака да учествува во војната.

Да потсетиме, повеќе од 2.000 луѓе беа уапсени на протестите против мобилизацијата низ Русија.

Покрај тоа, на руските граници со соседните земји се формираа долги редици луѓе кои се обидуваат да побегнат од мобилизацијата на резервистите.

Околу 17.000 Руси влегле во Финска само за време на викендот.

 

Loading...