Репортерот на Гардијан од Украина известува за необичен конфликт меѓу постар жител на Мелитопол и руски војници.
Наводно, руските војници синоќа влегле во овој крајбрежен град, а дури и некои руски жители не се многу среќни што ги гледаат.
„Русите кои ја напаѓаат Украина се толку зае*ани!“, рече еден Русин, кој им „држеше лекција“ на руските војници во Мелитопол.
– Што правите овде? Ние имаме наши животи, а вие ваши. И јас сум Русин, но живеам во оваа земја. Вие имате своја држава, а ние наша. Немате ли проблеми во вашата земја? Дали сте сите богати таму? Срам да ви е! – ги пренесува неговите зборови Гардијан.
Grandpa is reprimanding the Russian soldiers in Melitopol like they are children.
“I’m also Russian. Don’t you have any problems in the state?” pic.twitter.com/fan9J9Me80
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) February 26, 2022