Руската и украинската армија разговараат за „голема размена“ на воени заробеници, но се уште не е постигнат договор, изјави комесарот за човекови права во Русија, Татјана Москалкова.
Таа потсети дека објавила два списоци за размена – едниот за 900, другиот за 630 лица, кои би можеле да ѝ бидат дадени на украинската страна.
– Би очекувале ист број воени заробеници од Украина. Армијата преговара за тоа – објасни Москалкова на прес-конференцијата, пренесе Комерсант.
Последен пат Русија и Украина разменија заробеници во средината на октомври, а посредник, како и досега, беа Обединетите Арапски Емирати.
Во декември Москалкова изјави дека Киев ги примил телата на воените заробеници кои загинаа во падот на авионот Ил-76 во јануари. Таа ги нарече преговорите за размена на затвореници „многу тешки“.
На 11 декември, рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со унгарскиот премиер Виктор Орбан и предложи Русија и Украина да извршат голема размена на затвореници и да прогласат привремен прекин на огнот.
Според Орбан, Москва се согласила на размена на затвореници за Божиќ, што Киев го одбива.