Русија жестоко им се заканува на Финска и Шведска поради НАТО

Сподели со своите пријатели

Никој не треба да има илузија дека Русија едноставно ќе молчи и ќе го прифати влезот на Шведска и Финска во НАТО. Безбедноста на земјата нема да биде зајакната со овој потег, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, пренесува Sky News.

Loading...

Тој ги коментираше одлуките на Финска и Шведска за влез во НАТО. Смета дека тоа била погрешна одлука со далекусежни последици, која радикално ќе ја промени глобалната состојба.

 

Белорусија најави распоредување на специјални сили долж границата со Украина

 

„Глобалната ситуација радикално ќе се промени по одлуката на Шведска“, додаде тој.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон рече дека во понеделник ќе побара широка парламентарна поддршка за да аплицира за членство во НАТО, откако нејзината партија објави дека го поддржува пристапувањето во Алијансата.

„Утре ќе бидам убедена дека има широка парламентарна поддршка во Риксдагот за шведската апликација за членство, а потоа ќе бидеме подготвени да донесеме владина одлука“, рече Андерсон во неделата.

Loading...

 

Украинците намерно потопиле свое село за да спречат руски напад: Велат дека вредело

 

Шефот на шведската дипломатија Ен Линде на Твитер објави дека шведската владејачка Социјалдемократска партија го поддржала членството на земјата во НАТО.

– Шведската социјалдемократска партија денеска донесе историска одлука да каже „ДА“ на својата апликација за членство во НАТО. Руската инвазија на Украина ја влоши безбедносната ситуација во Шведска и Европа како целина, напиша таа.