Русија: Завршена антитерористичка операција во Дагестан

Сподели со своите пријатели

Антитерористичката операција започната во рускиот регион Дагестан по смртоносните напади на синагога и православни цркви во кои загинаа најмалку 16 лица заврши во понеделникот, објави рускиот комитет за борба против тероризмот.

Loading...

Вооружени напаѓачи нападнаа православни цркви и синагога во Дагестан во неделата, убивајќи еден свештеник и најмалку 15 полицајци, соопштија властите, осудувајќи го „терористичкиот“ чин.

Нападите се случија во главниот град на Дагестан, Махачкала и во крајбрежниот град Дербент. Во Дербент е убиен 66-годишен свештеник, соопштија властите.

Најмалку 15 полицајци загинаа, изјави регионалниот шеф Сергеј Меликов во видеото на Телеграм во понеделникот вечерта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: „Лично ќе го чекам Путин во Турција во четврток“

Тие го „заштитија цивилното население, по цена на сопствениот живот“, додаде тој.

Претходно беше кажано дека се убиени 5 напаѓачи. Засега ниту една организација не ја презеде одговорноста за нападите.

Дагестан е претежно муслиманска руска провинција на Каспиското Езеро.

Соопштено е дека е отворена истрага за „терористички акти“, без дополнителни детали.

Loading...