Русија засега нема да ја прекине испораката на гас за Европа

Сподели со своите пријатели

Русија од денеска нема да ја откаже испораката на гас за Европа, бидејќи плаќањата за испорачаниот гас ќе пристигнат во втората половина на месецот и во мај, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Тој на прес-конференцијата рече дека е неповратен декрет на претседателот Владимир Путин да се плаќа во рубљи и дека во моментов, според Русија, тоа е најдобрата и најбезбедната валута за плаќање рубљи, пренесе Ројтерс.

 

НАТО доби порака од Москва: Си играте со оган

 

Руската енергетска компанија „Гаспром“ соопшти дека почнала да ги информира клиентите за новите руски правила, според кои тие ќе треба да плаќаат за гас во рубли.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Путин не го смета за приоритет забавувањето на YouTube во Русија

„Газпром“ додава дека ќе остане одговорен партнер и дека ќе обезбедува снабдување со гас.