Како одговор на замрзнувањето на дел од своите резерви, Русија примени контра мерки и го ограничи готовинскиот тек кон „непријателските земји“, соопшти во петокот руската централна банка.
Банката на Русија потсетува дека како одговор на западните санкции, владата веќе забрани продажба на хартии од вредност на странски инвеститори и повлекување средства од рускиот финансиски систем.
Русија ракетираше два објекти на украинската армија во Днепар
„Покрај тоа, исплатата на корпоративниот долг на руските компании и јавниот долг кон доверителите од земјите кои поддржуваат санкции против Русија ќе се врши само со дозвола на владината комисија. Со други зборови, како одговор на замрзнувањето на дел од резервите на Русија, Русија воведе и ограничувања за движењето на средствата кои би можеле да бидат префрлени во непријателските земји за споредлива сума“, се вели во соопштението на Банката на Русија.
Според податоците на руската централна банка, на 18 февруари, меѓународните резерви на Русија достигнаа рекордни 643,2 милијарди долари.