Русија во контакт со Израел, Палестинците и арапските земји

Сподели со своите пријатели

Русија е во контакт со Израел, Палестинците, како и арапските земји во врска со ескалацијата на израелско-палестинскиот конфликт, изјави денеска специјалниот претставник на рускиот претседател за Блискиот Исток и Африка, заменик министерот за надворешни работи на Русија Михаил Богданов.

Loading...

„Сега сме во контакт со сите. Со Израелците, Палестинците, Арапите. Ќе ги разјасниме сите околности“, изјави тој за Интерфакс, пренесе Танјуг.

Тој додаде дека Русија секогаш повикува на воздржаност.

„Мораме да разбереме што се случува, зошто и какви ќе бидат последиците“, нагласи заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација.

Тој додаде дека ескалацијата на конфликтот ја изненади Москва и дека станува збор за неочекувано влошување.