Ракети од руски калибар погодија складиште за оружје во украинската област Запорожје, во кое има оружје од САД и европските земји, тврди денеска руското Министерство за одбрана.
Според соопштението, ракетите ги уништиле хангарите со големо количество странско оружје и муниција, кои на украинската армија и биле доставени од САД и европските земји.
Лондон: Украина има контрола над поголемиот дел од нејзиниот воздушен простор
Министерството додаде дека руската авијација во текот на ноќта уништила 59 украински воени цели, пренесува Ројтерс.
Агенцијата вели дека „не е можно самостојно да се потврдат овие тврдења на Русија“ и посочува дека не е прецизирано кое оружје имало во хангарите.

