Русија: Уништени 50 украински дронови

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека уништило 50 украински беспилотни летала во руските региони Ростов и Крастодар, како и во јужниот украински регион Запорожје, за кој Москва тврди дека го анектирала.

Loading...

„Во текот на ноќта кога режимот на Киев се обиде да изврши терористички напади врз Руската Федерација, руската противвоздушна одбрана уништи 14 беспилотни летала на територијата Краснодар, 26 над регионот Запорожје и десет над Ростов“, соопшти Министерството за одбрана преку Телеграм.

Иако Москва тврди дека ја анектирала областа Запорожје во јужна Украина, руската војска не го контролира целосно регионот.

Претходниот ден две лица беа убиени во руските напади во областа Запорожје.

Запорожје е редовно мета на руски напади, а во еден напад на крајот на јуни седум лица загинаа, а 40 беа ранети.

Во средата осум лица беа ранети во напад на украински беспилотни летала на трафостаницата на нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од Русија, објави Росатом групацијата, што укажува дека бројот на украинските напади се зголемува.

Руската војска го нападна Запорожје и соседните градови повеќе пати од почетокот на нејзината офанзива во Украина во февруари 2022 година, но во последните недели ги концентрираше своите напори на истокот на земјата, а не на југот.