Вооружените сили на Украина преместуваат странски платеници и воена опрема во селото Велики Бурлук во Купјанската област во Харковскиот регион, кое се наоѓа на границата со Русија, изјави Евгениј Лисњак, заменик-шеф на руската администрација на Харковскиот регион, како што објави Инфо24.
„Значително зголемување на бројот на членови на нелегални вооружени формации на Украина е забележано во населбата Велики Бурлук, која се наоѓа во близина на границата со Белгородската област. Знаеме дека бројот на странски платеници во овие формации го надминува бројот на членови од украинска националност“, објасни тој.
Лисњак додаде и дека украинската страна активно преместува тешко вооружување и воена опрема кон руската граница.
„Во исто време, целата опрема е сместена во приватни гаражи и помошни објекти во сопственост на цивили во тој регион“, вели тој.