Русија уапси тинејџер: Го доведува во врска со саботажа

Сподели со своите пријатели

Руските власти уапсија 16-годишен Русин обвинет за „обид за саботажа на железницата по инструкции на украинските разузнавачки служби“.

Loading...

Истражниот комитет денеска соопшти дека обвинетиот е уапсен во Кировската област, во централна Русија.

Според извештаите, тој имал намера да запали две сигнални сандаци на Транссибирската железница.

Тоа можело да доведе до судир на возови или излетување на воз, а при апсењето бил запленет материјал за изработка на експлозивни направи, се вели во соопштението.

Агенцијата Риа Новости објави дека тој ги признал фактите, и дека му биле ветени 25.000 рубљи (околу 250 евра) за кривично дело обид за саботажа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски војници маскирани како Украинци нападнаа клучен град