Русија тврди дека Украина имала програма за биолошко оружје

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана објави неколку документи како доказ дека Украина имала програма за биолошко оружје.

Според Министерството, програмата била спонзорирана од Министерството за одбрана на САД, а особено опасните патогени биле уништени на денот кога Русија ја започнала својата специјална операција.

Министерството вели дека добило документи од персоналот на украинските лаборатории за брзо уништување на патогени.