Loading...
Руските системи за воздушна одбрана уништија 32 украински беспилотни летала во текот на ноќта, објави денес руското Министерство за одбрана.
Половина од беспилотните летала беа соборени над јужниот регион Воронеж, додека останатите беа пресретнати над регионите Курск, Тамбов, Ростов и Кримскиот полуостров, објави Министерството преку апликацијата за пораки Телеграм.
Украина објави дека вториот по големина украински град Харков бил погоден од напади со руски беспилотни летала, при што загинале две лица, а 57 биле повредени, пренесува Ројтерс.