Русија тврди дека погодила украински воени фабрики и уништила западни ракетни системи, објави Ројтерс.
Руското Министерство за одбрана во четврток соопшти дека руските сили нападнале неколку украински ракетни фабрики, воени истражувачки центри и погони за производство на ракетно гориво со ракети и беспилотни летала во јули.
Според министерството, уништени се и дел од западните противракетни системи, вклучувајќи ги и американските лансери и радари „Патриот“, кои беа инсталирани во регионите Дњепропетровск и Сум за да ги заштитат овие објекти.
– Обидот на режимот во Киев, заедно со западните партнери, да организира производство на ракети за напади длабоко на територијата на Русија е осуетен – се вели во соопштението.