Русија тестираше алтернатива на глобалниот интернет

Сподели со своите пријатели

Русија успешно тестираше алтернатива на глобалниот интернет низ целата земја, објави тамошната влада.

Loading...

Деталите за тоа што вклучувало тестирањето беа нејасни, но според Министерството за комуникации, никакви промени не биле забележани од обичните корисници.

Резултатите сега ќе бидат презентирани пред рускиот претседател Владимир Путин.

Експертите остануваат загрижени за трендот на гаснење на интернетот во некои земји.

„За жал, руската насока е само уште еден чекор во се поголемото разорување на интернетот“, рече Алан Вудвард, професор по компјутерски науки на Универзитетот во Сари.

„Се повеќе авторитарни земји кои сакаат да го контролираат она што граѓаните гледаат, се угледуваат на тоа што веќе го направија Иран и Кина.

Ова значи дека луѓето нема да имаат пристап до дијалог за тоа што се случува во нивната земја, тие ќе останат во нивниот меур, објаснува Вудвуд.

Иницијативата вклучува ограничување на точките на кои руската верзија на мрежата се поврзува со друга мрежа во светот што ги нуди истите услуги, давајќи ѝ на владата поголема контрола врз тоа што граѓаните можат да пристапат.

Loading...

„Ова би значело ефикасно дека интернет провајдерите и телекомуникациските компании го конфигурираат интернетот во рамките на нивните граници како гигантски интранет, како што тоа прави голема корпорација“, вели Вудвард.

Leave a Reply