Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила обид за атентат врз гувернерот на Крим назначен од Москва и ги обвини украинските безбедносни служби дека планирале да подметнат бомба во неговиот автомобил.
„Обидот за атентат на кримскиот лидер Сергеј Аксинов организиран од украинските специјални служби е спречен“, соопшти ФСБ, а пренесуваат руските новински агенции.
Во рамките на истрагата е уапсено едно лице.
ТАСС јавува дека станува збор за руски државјанин кој за оваа цел бил регрутиран од Службата за безбедност на Украина.
Бомбашот немал време да ја заврши својата криминална намера, бидејќи бил приведен кога експлозивната направа била извадена од скривницата, соопшти ФСБ, а пренесе ТАСС.
Русија го анектираше Крим во 2014 година.