Рускиот Генералштаб соопшти дека сириските противвоздушни сили соборија 71 крстосувачка ракета на западната коалиција.
Како се наведува, оборувањето на западните ракети покажало дека сириските сили се исклучително обучени.
Истовремено, Генералштабот нагласува дека Русија ја разгледува можноста за испроака на ПВО системи Ѕ-300 во Сирија и другите земји во светот.
– Агресијата на САД против Сирија е обид да се спречи истрагата за хемискиот напад во Сирија и во целосна е спротивност со напорите да се победи тероризмот во земјата, наведува Генералштабот.
Од друга страна, Министерството за одбрана на Русија го следи развојот на ситуацијата во СИрија и оценува дека во Дамаск моментално ситуацијата е мирна и нормална.