Русија се заканува дека ќе ја прекине испораката на гас за Европа

Сподели со своите пријатели

Русија предупреди дека би можела да го затвори главниот гасовод за Германија доколку Западот продолжи да воведува санкции против неа и да го забрани увозот на руска нафта.

Loading...

 

Во напади на здравствени установи во Украина девет жртви

 

Рускиот вицепремиер Александар Новак би рекол дека таквиот чекор ќе доведе до катастрофални последици за глобалното снабдување со нафта и ќе доведе до скок на цената до 300 долари за барел нафта, пренесува Би-Би-Си.

САД размислуваат за потенцијална забрана за увоз на нафта од Русија поради инвазијата на Украина, но Германија и Холандија во понеделникот го отфрлија планот.

 

Русија за денеска вети прекин на огнот и хуманитарни коридори

Loading...

 

Европската унија добива околу 40 отсто од гасот и 30 отсто од нафтата од Русија и нема начин лесно да се обезбеди замена за тие извори на енергија.