Русија сè уште не донела одлука за намалување на испораките на гас за ЕУ

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за евентуално повлекување на Русија од европскиот пазар на гас не е конечна одлука, туку наредба владата да го разгледа прашањето.

Путин вчера изјави дека владата, заедно со руските компании, ќе ја анализира можноста за пренасочување на испораките на природен гас од Европа кон други, перспективни пазари, објави Риа Новости.

Според него, за Русија би можело да биде поповолно да ги прекине испораките за Европа пред да стапат во сила ограничувањата на Европската Унија и да се фокусира на нови пазари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин се закани дека ќе ги прекине испораките на гас за Европа

„Претседателот (Путин) нагласи дека ова не е одлука, туку предлог, односно упатство до владата да работи на ова прашање“, изјави Песков пред новинарите.

Во јануари, Советот на ЕУ ја одобри регулативата за постепено укинување на увозот на руски течен природен гас и гасовод, објави Танјуг.

Забраната за увоз на TPG за краткорочни договори ќе стапи на сила на 25 април, додека за долгорочни договори ќе важи од 1 јануари 2027 година.

За гас од цевководи, забраната за краткорочни договори започнува на 17 јуни 2026 година, а за долгорочни договори од 1 ноември 2027 година.

Песков, исто така, рече дека меѓународната ситуација поврзана со војната во Иран не треба да предизвика флуктуации на цените на горивата во Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Преговорите меѓу Русија и Украина на чекање поради агресијата врз Иран

„Меѓународната ситуација поврзана со војната во Иран не може и не треба да биде причина за какви било промени во цените на нашите горива“, рече тој.