Русија: Се урна хеликоптер на брза помош, пилотот загина

Сподели со своите пријатели

Хеликоптер на брза помош се урна во близина на Волгоград, на југот на Русија, поради технички дефект, а пилотот загина.

„По симнувањето на повредените и лекарите, хеликоптерот на брзата помош се враќаше во базата. За време на летот, пилотот пријавил дефект и потоа се изгубил контактот со него“, изјавија за Интерфакс од службата за итни случаи.

Остатоците од хеликоптерот се пронајдени на околу пет километри од аеродромот.