Русија се соочува со преполни болници и недостиг на персонал во борбата против Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Пренатрупаните болници и недостигот на медицински персонал се клучните проблеми во борбата против ширењето на коронавирусот во Русија, изјави денеска директорката на одделот за итна медицинска помош и управување со здравствени ризици во руското Министерство за здравство, Ина Куликова.

Loading...

– Главните проблеми се преоптоварување на болнички места, неопходен акцент на амбулантско снабдување со лекови, недостиг на персонал и недостиг на дијагностика, рече таа на состанокот на одборот на Државната дума за здравствена заштита.

Таа истакна дека оптоварувањето на инфраструктурата и ресурсите на домашниот здравствен систем е експоненцијално зголемено.

Куликова исто така рече дека е потребно да се бараат други организациски механизми што ќе овозможат одржување на соодветното ниво на достапност и квалитет на медицинска помош.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply