Русија се подготвува да тестира „непобедлива“ нуклеарна ракета пред средбата меѓу Путин и Трамп?

Сподели со своите пријатели

Се чини дека Русија се подготвува да ја тестира својата нова крстосувачка ракета со нуклеарен погон и нуклеарна боева глава, според двајца американски истражувачи и западен безбедносен извор, додека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за разговори за Украина со американскиот претседател Доналд Трамп во петок.

Loading...

Истражувачите и експертите нагласија дека тестот бил закажан долго пред минатонеделното објавување на средбата меѓу Трамп и Путин.

Џефри Луис од Калифорнискиот институт за меѓународни студии „Мидлбери“ и Декер Евелет од истражувачко-аналитичката организација CNA од Вирџинија, дојдоа до овој заклучок независно еден од друг, проучувајќи ги сателитските снимки што ги направи комерцијалната сателитска компанија „Планет Лабс“ во изминатите недели, а завршија во вторник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски кај Стармер пред средбата меѓу Трамп и Путин

Тие се согласија дека фотографиите покажуваат интензивна активност на тест-полигонот Панково на архипелагот Новаја Земја во Баренцовото Море, вклучително и зголемен број персонал, опрема, бродови и авиони претходно поврзани со тестовите на ракетата 9M730 Буревестник.

„Гледаме целата активност на полигонот, што вклучува големи количини на залихи што доаѓаат за поддршка на операциите, како и движење на местото од каде што всушност е лансирана ракетата“, рече Луис.

Западен безбедносен извор, кој сакаше да остане анонимен, потврди дека Русија се подготвува за тестот „Буревестник“.

Луис рече дека тестот би можел да се одржи оваа недела, потенцијално засенувајќи го самитот Трамп-Путин во Алјаска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  WhatsApp предупреди: Русија се обидува да ги блокира нашите услуги во земјата

Путин изјави дека ова оружје е „непобедливо“ за постојните и идните системи за противракетна одбрана, со речиси неограничен дострел и непредвидлива патека на летот.

Loading...

Луис, Ивелет и уште двајца експерти за контрола на оружјето изјавија дека развојот на оваа ракета стана уште поважен за Москва откако Трамп го објави развојот на американскиот противракетен штит „Златна купола“ во јануари.