Русија оди кон најголемата рецесија од распадот на Советскиот Сојуз, прогнозира денеска британската влада, наведувајќи го фактот дека повеќе од 358 милијарди долари руски пари се замрзнати поради меѓународните санкции во последните недели.
Loading...
„Раскошниот начин на живот на внатрешниот круг на Кремљ ќе продолжи да биде цел, бидејќи британските санкции сега ќе важат за возрасните ќерки на рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров“, се вели во соопштението на британската влада, пренесе Ројтерс.