РУСИЈА СЀ УШТЕ УРИВА РЕКОРДИ: Скоро милион лица на болничко лекување од ковид

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа Русија повторно забележа рекорден број на починати од последиците од корона вирусот – 1.189, соопшти денеска Кризниот центар за борба против корона вирусот.

Loading...

Од почетокот на пандемијата, вкупниот број на смртни случаи во Русија достигна 242.060 случаи, пренесува агенцијата Тас.

Во Русија во наведениот период се регистрирани 40.443 новозаразени, со што вкупниот број на заразени се искачи на 8.633.643, соопшти кризниот центар.

Бројот на активни случаи, односно пациенти кои моментално се во болница е зголемен на 946.145 пациенти, соопшти кризниот центар.