Русија: Речиси 1.000 украински борци во Азовстал се предадоа

Сподели со своите пријатели

Скоро 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол сега се предале, соопшти руското Министерство за одбрана.

Loading...

Руското министерство соопшти дека 694 борци на украинската армија и баталјонот Азов се предале во изминатите 24 часа.

Оттаму додаваат дека досега се предале вкупно 959, од кои 265 лица кои ја напуштиле челичарницата при првите евакуации во понеделникот.

 

Што всушност се случи во Азовстал? Предавање или „операција за спасување“?

 

Оние кои ќе ја напуштат фабриката за челик се однесени на територија под контрола на Русија.

Украинските власти сз уште не ги дале најновите информации за тоа колку борци денеска ја напуштиле фабриката за челик во Мариупол.

Loading...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека акцијата за спасување војници продолжува.

„Нашите воени и разузнавачки службеници надгледуваат сѐ. Вклучени се највлијателните меѓународни посредници“, рече Зеленски.

 

Експлозии во Днепар, соборени две руски ракети

 

Русија и Украина споменаа договор според кој војниците би можеле да ја напуштат фабриката за челик, но многу детали од договорот не се јавни.

Останатите прашања се: Уште колку борци има внатре? Дали е договорена замена на затворениците и, доколку е така, под кои услови?

Кремљ соопшти дека затворениците ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди.

Loading...

Украина соопшти дека сака размена на затвореници.