Русија размислува да прифати биткоин за извоз на нафта и гас

Сподели со своите пријатели

Соочена со заострување на санкциите против западните земји поради нападот врз Украина, Русија размислува да прифати биткоин како платежно средство за извоз на нејзината нафта и гас, пренесува CNBC.

Loading...

Павел Завални, претседател на енергетскиот комитет на руската Дума, на прес-конференција во четвртокот изјави дека Русија е подготвена да биде пофлексибилна во однос на опциите за плаќање кога станува збор за „пријателски“ земји како Кина или Турција.

 

Доналд Трамп ја тужеше Хилари Клинтон

 

Како што објасни тој, Москва размислува да ги прифати националните валути на купувачите, како и биткоинот, како алтернативни начини на плаќање за рускиот извоз на енергија.

„Долго време и предлагаме на Кина да премине на порамнување во национални валути во рубљи и јуани. Со Турција тоа ќе биде во лири и рубли“, рече Завални.

Тој додаде дека покрај традиционалните валути, „можно е и тргување со биткоини“, пренесуваат американските медиуми.

Loading...

 

Бајден: Да се исклучи Русија од Групата 20

 

Биткоинот поскапе за околу 4,0 отсто во последните 24 часа на околу 44.000 долари, а подемот на најголемата валута во светот започна отприлика кога медиумите ги објавија првите извештаи од прес-конференцијата на Заваљни.

Рускиот функционер, исто така, ја повтори пораката на претседателот Владимир Путин во средата дека ќе побара од „непријателските“ земји да плаќаат за гас во руски рубли.

„Ако сакаат да купуваат, нека платат или во тврда валута, а за нас тоа е злато, или нека плаќаат како што ни одговара, во нашата национална валута“, рече Завални.

 

Северна Кореја потврди дека тестирала нов тип на интерконтинентална балистичка ракета (ГАЛЕРИЈА)

Loading...

 

Русија сега се чини сериозно да се оддалечи од доларот, според Ник Картер, ко-основач на Coin Metrics, истакнувајќи дека Москва потенцијално би можела да ги претвори енергетските резерви во „цврсти средства“ (како злато) кои би можеле да се користат за плаќање надвор од доларскиот систем.

Тој за CNBC изјави дека Русија се подготвува за ваков тип на транзиција од 2014 година, кога почна да се ослободува од американските државни должнички хартии од вредност.

„Русија очигледно сака да се диверзифицира во други валути. Тие имаат нешто што му треба на светот. Русија е светски извозник број еден на природен гас во светот“, заклучи Картер.