Русија: ПВО системите ноќва уништија 10 украински дронови и два беспилотни чамци

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана уништија 10 украински дронови над териториите на неколку региони и два беспилотни чамци, соопшти руското Министерство за одбрана.

Loading...

Во соопштението се наведува дека во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана спречиле обид на украинските сили да извршат напади со авиони од типот на беспилотни летала и чамци без екипаж над територијата на регионите Белгород, Брјанск и Москва, како и во правец на Црноморското пристаниште Новоросијск, пренесува ТАСС.

Се прецизира дека се уништени пет беспилотни летала над територијата на регионот Белгород, четири беспилотни летала се уништени над територијата на областа Брјанск, а едно беспилотно летало е уништено над територијата на Московската област, како и два поморски дрона кои се упатиле во правец на црноморското пристаниште Новоросијск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Политико: Орбан ќе се сретне со Путин во Москва