Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва денеска протерува еден дипломат од Црна Гора, откако Подгорица протерала руски дипломат поради случајот Скрипаљ.
Во Министерството за надворени работи на црногорскиот амбасадор Рамиз Башиќ му била врачена протестната нота.
– Врачена му е протестна нота и соопштено е дека, како одговор на неоснованите барања на Црна Гора за протерување на руски дипломат врз основа на неосновани обвиненија од Велика Британија, против Русија поради т.н. случај Скрипаљ, руската страна го прогласува за персона нон грата службеникот на црногорската амбасада, се наведува во соопштението.
Црна Гора на 28 март објави дека се придружува на поддршката кон Велика Британија, наведувајќи дека еден руски дипломат бил прогласен за непосакувана личност, а за тоа ја известиле и Амбасадата на Русија во Подгорица.