За време на специјалната воена операција, руските вооружени сили ги уништија речиси сите борбени авиони на режимот во Киев, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
– Ловците и воздушната одбрана на руските воздухопловно – космички сили соборија уште три украински ловци Су-27 и три беспилотни летала во воздух. Вчера и денеска украинските воздухопловни сили загубија вкупно 11 борбени авиони и два хеликоптери – изјави генерал-мајорот и додаде дека се уништени речиси сите борбени авиони на режимот во Киев.
Високопрецизното оружје на Русија со долг дострел го оневозможува оружјето и воената опрема на Украина, нагласи Конашенков.
Како што рече, високопрецизното оружје на руската армија го онеспособила аеродромот на украинските воздухопловни сили во градот Виници.
– Вооружените сили ќе ги таргетираат украинските компании од воено-индустрискиот комплекс со високопрецизно оружје – нагласи тој.
Во врска со тоа, тој истакна дека Русија однапред предупредува на планирани напади врз такви објекти, со цел вработените во украинските компании да избегнат закана по нивните животи.