Русија предупредува дека ќе гаѓаат делови од Киев: „Граѓани, евакуирајте се“

Сподели со своите пријатели

Русија ја предупреди Украина дека ќе има напади врз цели во областа Киев.

Loading...

– Руските сили ќе ги нападнат објектите на Службата за безбедност на Украина (СБУ) и 72. Центар за информатичко и психолошки операции (ПСО) во Киев – предупреди во вторник руското Министерство за одбрана.

– Со цел да се спречат информативните напади врз Русија, руските сили ќе ги нападнат технолошките капацитети на СБУ и 72-от главен центар на ПСО во Киев. Ги повикуваме граѓаните на Украина кои беа вклучени во провокациите против Русија од страна на украинските националисти, како и жителите на Киев кои живеат во близина на релејната станица, да ги напуштат своите домови – соопшти Министерството.

Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков истакна дека бројот на информативни напади врз различни институции на руската влада се зголемил на почетокот на специјалната воена операција.

Според Конашенков, тие се организирани од 72-от главен центар за информации и психолошки операции на вооружените сили на Украина, заедно со единиците за сајбер операции на SBU, користејќи хардверски и софтверски системи и комуникациски капацитети во Киев.