Русија е подготвена за преговори за предавање на Русија. Тоа денеска го изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
Според него, Путин е подготвен за преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во фокусот на преговорите би биле „гаранциите за неутрален статус“ и „ветувањето дека нема да има оружје на територијата на Украина“.
Тоа се условите, вели Песков, кои ќе овозможат да се постигне „демилитаризација и денацификација на Украина“ и да се елиминира она што Русија во моментов го смета за „закана за безбедноста на руската држава и народ“.
„Претседателот ја формулираше својата визија за тоа што би очекувале од Украина за да ги решиме горливите проблеми. Тоа е неутрален статус и одбивање да се постават и користат системи за оружје“, рече Песков.
Песков додаде дека Путин е тој што ќе одреди кога би можеле да се одржат преговорите и додаде дека Русија ќе влезе во преговорите „само ако раководството на Украина е подготвено да разговара“.
„Сегашната операција има свои цели и тие мора да се постигнат. Претседателот рече дека сите одлуки се донесени и дека целите мора да се постигнат“, рече Песков, сугерирајќи дека доколку Киев се согласи со барањата на Путин, сегашната инвазија на Украина ќе биде запрена.

