Русија: Полска нема докази дека дронови од руско потекло биле соборени

Сподели со своите пријатели

Полска не презентираше докази дека беспилотните летала биле соборени над територијата на таа земја од руско потекло, изјави денес вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска Андреј Ордаш.

– Веруваме дека обвинувањата се неосновани. Не беа презентирани докази дека овие беспилотни летала се од руско потекло, изјави тој за РИА Новости.

Рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, изјави дека Полска никогаш не доставила докази дека Русија го нарушила воздушниот простор на земјата.

Кон крајот на 2022 година, гранати паднаа на полска територија во близина на границата со Украина, при што загинаа две лица, а Варшава првично тврдеше дека оружјето е од руско производство, но потоа претседателот Анджеј Дуда призна дека муницијата најверојатно му припаѓала на Киев, според руската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворени сите центри: Јапонија ги прекинува програмите за обука на руски експерти

Полските власти утрово објавија дека собориле неколку руски беспилотни летала што го нападнале полскиот воздушен простор синоќа, и дека остатоците од едно се пронајдени во близина на Лублин, додека европските претставници изјавија дека станува збор за намерен руски упад.