Министерството за одбрана на Русија денеска објави видео од лансирањето на тактички ракетни системи Искандер, кои, како што се тврди, ја уништиле базата за обука на странски платеници во Украина.
„Ракетните системи „Искандер“ ја уништија базата за обука на странски платеници“, се вели во соопштението на Министерството.
Зеленски: Повеќе од 2.000 украински деца се киднапирани од почетокот на војната
Станува збор за системи кои користеа оружје со висока прецизност за удар на воената инфраструктура на Украина.
На објавеното видео се гледа лансирање на два типа ракети – балистички и крстаречки.