Русија подготвува воен одговор на Пентагон

Сподели со своите пријатели

Русија воено ќе одговори на распоредувањето американски ракети со долг дострел во Германија, предупреди заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Loading...

Според неговите зборови, плановите на Пентагон за распоредување ракети во Германија се насочени кон поткопување на безбедноста на Русија.

– Нашата реакција ќе биде мирна и професионална. Смирено и ладнокрвно ќе развиеме воен одговор на новата закана. Војската несомнено веќе се занимава со тоа прашање. Ние, секако, ќе анализираме за кои конкретни системи станува збор – рече дипломатот.

Слушнавме дека се работи за копнени верзии на крстаречката ракета Томахавк и ракетата СМ-6, додаде тој.

На новинарско прашање дали одлуката за распоредување американски ракети може да го повтори искуството од Студената војна, кога американските акции како сегашните на крајот доведоа до почеток на преговорите за елиминација на ракетите со среден и краток дострел, дипломатот одговори дека оттогаш ситуацијата радикално се променила и дека е малку веројатно дека сметаат дека е можно да се повтори токму тоа искуство.

– Одлуката за распоредување ракети со долг дострел е само алка во синџирот насочен кон ескалација, еден од елементите на заплашување, што денес е речиси главната компонента на политиката на НАТО и САД кога станува збор за Русија – заклучи Рјабков.

Пентагон претходно објави дека САД од следната година ќе почнат да распоредуваат ударни системи со долг дострел во Германија, вклучително и хиперсонично оружје.