Долго време се шпекулираше дека рускиот претседател Владимир Путин инсистирал неговата војска целосно да го освои Мариупол до 9 мај, кога Русија го слави Денот на победата над нацизмот во Втората светска војна.
Очигледно, се чини дека Русите се подготвуваат да одржат победничка парада во самиот разурнат Мариупол.
Зеленски: Руската инвазија ги уништува болниците и ги остава лекарите без лекови
Со оглед на размерите на уништувањето на градот и фактот дека повеќето жители побегнале од Мариупол, се поставува прашањето како би можела да изгледа парадата, пишува Sky News.
Ема Бароус, британска новинарка на ИТВ, на Твитер објави видео на Асошиетед прес на кое се гледа расчистувањето на урнатините во Мариупол и маж кој вели: „Помагаме да се исчистат парковите и спомениците во пресрет на 9 мај за граѓаните да го прослават празникот“.
Looks like Russia WILL hold Victory Day celebrations in Mariupol. @AP filmed this man who said ‘We are helping to restore parks & monuments ahead of May 9 so Mariupol citizens can mark the holiday.’ Mariupol has been under relentless bombardment – how many citizens are even left? pic.twitter.com/nkrk0HCkGh
— Emma Burrows (@EJ_Burrows) May 6, 2022