Русија планира напад врз НАТО, тврди шефот на германското разузнавање

Loading...
Сподели со своите пријатели

Германија има „конкретни“ разузнавачки докази дека Русија планира напад врз територијата на НАТО со цел да тестира клучна точка на алијансата – Член 5, кој гарантира заемна одбрана, предупреди шефот на германската служба за надворешно разузнавање, Бруно Кал.

– Многу сме сигурни, и имаме разузнавачки докази за ова, дека [руската инвазија на] Украина не е крај, туку само чекор на патот на Русија кон Западот – рече Кал за германскиот подкаст Table Briefings.

Тој додава дека руското раководство повеќе не верува дека НАТО ќе ги брани своите членки и дека Москва би можела да се обиде да провери дали оваа обврска навистина ќе биде почитувана.

Германија не очекува „големи тенковски единици да се движат од исток кон запад“, но како што вели, има луѓе во Москва кои се сомневаат во ефикасноста на Член 5.

Тој, исто така, коментираше дека соработката со САД е сè уште стабилна и покрај повремените тензии.

– Американците го сфаќаат Член 5 многу сериозно – рече Кал, додавајќи дека се во право што инсистираат Европа да го преземе својот дел од одговорноста.

Иако војната е сè уште ограничена на украинска територија, германската агенција за внатрешна безбедност, Федералната канцеларија за заштита на уставниот поредок (BfV), предупредува дека Русија сè повеќе го шири конфликтот на Запад преку кибернапади и шпионажа.