РУСИЈА ПИШУВА ИСТОРИЈА: Филмска екипа спремна за полетување во вселената (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руски тим од двајца космонаути и двајца филмски уметници треба да летаат на Меѓународната вселенска станица на почетокот на следниот месец за да го снимаат првиот долгометражен филм во вселената.

Loading...

Го испратија првиот сателит во вселената, потоа го испратија првото куче, потоа мажот, првата жена, а сега, ако се сѐ одвива според планот, Русите ќе бидат првите што ќе направат филм во вселената.

Откако комисијата на медицински и безбедносни експерти го одобри планот за актерката и режисерот да заминат во вселената, Русија е на чекор до друг рекорд и дека снимањето на првиот игран филм во вселената ќе започне на почетокот на октомври.

 

Филмот наречен Предизвик е за доктор кој итно бил испратен на Меѓународната вселенска станица со цел да го спаси животот на астронаутот.

Четворицата треба да летаат со Сојуз МС-19 на 5 октомври и да се симнат на станица што орбитира околу Земјата на височина од околу 354 километри и да поминат 10 дена на снимање.

На прес – конференција во Москва пред заминувањето за космодромот Бајконор во Казахстан, зборуваа руската актерка Јулија Пересилде, режисерот Антон Шкаплеров и нивните алтернации, бидејќи и двајцата имаат замени во случај на здравствени проблеми, така што проектот нема да пропадне во последен момент, ентузијастички говореа за овој потег кој ќе ги помести границите во филмската индустрија.

Loading...

Тие се надеваат дека ќе успеат да ја покажат бестежинската состојба што досега не е видена во филмот.

„Првите две секунди се страшни, после тоа е прекрасно“, вели Јулија Пересилде, која е на пат да стане првата актерка во вселената, и која имаше можност накратко да го доживее искуството од микрогравитацијата за време на нејзиниот тренинг.

 

Филмот ќе прикаже и професионални космонаути во екипажот.

„Нема да дејствувам во него, но сепак ќе треба да научам како се создава филмот на толку необично место како што е вселената“, рече командантот на мисијата, Антон Шкаплеров.

Главната актерка додава дека научила да биде свој шминкер и костимограф.

„Нема да биде на исто ниво како на Земјата, но ќе дадеме се од себе. Ние сме подготвени за тоа. Сега кога стигнавме толку далеку, веќе е доцна за страв. Пред нас е Бајконор и многу работа, и да бидам искрена, едноставно нема време за страв “, истакна актерката.

Loading...

Режисерот Шипенко, висок 1,9 метри, признава дека поради неговата висина, тренингот, но и претстојното патување, нема да биде особено удобен, но ветува дека кога ќе го снимат продолжението на Марс, секако дека ќе има повеќе простор во кабините.